Температура над и многу над просекот.

Утре во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд претежно на север, а во текот на ноќта и во останатите делови.

Најниската температура од 1 до 9, највисоката од 8 на југоисток до 16 степени на запад.

Ветер слаб и умерен, планинските предели повремено засилен, јужен и југоисточен. На планинските предели брзо ќе се стопи снежната покривка, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод.

Во Скопје облачно, повремено слаб дожд. Слаб и умерен ветер југоисточен. Најниска температура 8, највисока 13 степени.

Во следните седум дена до 1 јануари претежно облачно со повремени врнежи од дожд, снег само на повисоките планински предели.

Температура над и значително надпросечните вредности, највисока дневна од 7 до 15 степени.

Во планинските предели до 1.400 m брзо топење на снежната покривка.