Република Србија може да добие две нови фабрики на познатите автомобилски компании „Мерцедес“ и „Тојота“, јавуваат српските медиуми.

Магазинот Недељник пишува дека биле започнати преговори за градење на фабриките, повикувајќи се на добро информиран претприемач вклучен и во германската и во српската бизнис заедница.

„Преговорите се во тек со неколку светски произведувачи на автомобили. Најдалеку се отидени преговорите со Мерцедес“, потврдил за Б92 висок функционер на српската влада.

Како што пишува Недељник, јапонскиот гигант „Тојота“ испратил писмо до општината Инѓија. Најавена е изградба на фабрика за автомобили вредна милијарда евра, потврдил претседателот на општината Инѓија Владимир Гак.

error: Content is protected !!