Нема да ви се допадне прогнозата за следните седум дена.

Во Македонија утре ќе биде малку постудено, променливо облачно, на места со краткотраен дожд. Утринската температура од 5 до 11, а највисоката дневна од 15 на север до 20 на југ и исток.

Слаб до умерен, а засилен северозападен ветер на северот, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод.

Во Скопје променливо облачно со краткотраен дожд и постудено.

Ветер слаб до умерен северозападен. Утринската температура од 8 до 11, а највисоката дневна околу 16 степени.

Во Македонија во недела и понеделник е забележително постудено со умерен и засилен северозападен ветер.

Дожд и снег на планините се очекуваат во недела и вторник на југоисток и југ од земјата, во понеделник во сите делови ќе се задржи суво со сончеви интервали.

Во среда и четврток претежно сончево со благ пораст на температурата. Од петок претежно облачно, понекаде со краткотраен дожд.