Летото 1999 година, најголемиот активист за мир меѓу рок ѕвездите, Боно Вокс, пејачот на групата Ју Ту, му испрати на Фрањо Туѓман необичен подарок. Во убаво издлабената долгнавеста дрвена кутија имаше две маслинови гранки.
Тие беа придружени со порака потпишана од специјално од Боно: „Почитуван претседател, јас ви ги испраќам овие две гранчиња со надеж дека ќе ги засадите во паркот во вашата резиденција и со тоа симболично ќе придонесете за градење мир во светот“.
Хрватскиот претседател беше еден од педесетина светски државници кои Боно ги избра во неговата мировна кампања, пред се заради глобално препознатливата улога на Туѓман како непоколеблив миротворец.
Триесет години претходно, летото 1969 година, еден од најпознатите активисти за мир и една од најголемите поп-рок ѕвезди на сите времиња, Џон Ленон, основачот на Битлси, му испрати на Јосип Броз Тито необичен подарок.
Во мала метална кутија имаше два желади. Кутијата беше придружена со порака специјално потпишана од Џон Ленон и неговата сопруга Јоко Оно: „Маршал Јосип Броз Тито, претседател на СФРЈ! Ви ги испраќаме овие две живи скулптури – желади – со надеж дека ќе ги засадите во вашата градина и ќе ги одгледувате како два дабови како дел од мирот во светот “..

Тие го испратија истиот подарок до 50 истакнати светски државници, односно на луѓе за кои сметаа дека можат да придонесат за градење мир во светот.
Хрватскиот професор по историја Хрвоје Класиќ истакнува дека едната од овие две приказни е вистинита, додека другата е целосно измислена. Ако патот ве однесе до Белград и одлучите да ја посетите Куќата на цвеќето, обрнете внимание на околните дрвја. Особено на дабовите.

