Воените дејствија кои ги зафатија и централите Запорожје и Чернобил во Украина го разгореа стравот од можна нуклеарна катастрофа која би се прелеала и на европска почва.

Во Македонија будно се следи состојбата со нивото на радијација. Надлежните велат дека нема опасност од зголемена радијација во државата.

-Не треба да сме загрижени. Македонија е 700км оддалечена од украинските нуклерни централи, во случај истекување поради воените дејствија, радијацијата би се пренела во минимални размери, како во случајот со Чернобил.

Од дирекцијата велат дека за разлика од Чернобил, помодерните нуклеарни централи имаат посебни протоколи, безбедносни режими и заштита на реакторите. Сепак можност од хаварија не е исклучена, а Македонија има предвидено пакет мерки за вакви случаи. Препораките на надлежните се дека нема потреба од паника ниту некои специјални чекори.

Во Македонија постојат осум мерни станици поврзани со европскиот систем со кој се следи радијацијата, а граѓаните можат сами тоа да го направат преку интернет.