Молчел цела минута со наведната глава
На денешен ден во 1975 година, Тито влезе во црквата св.Спас и се поклони пред моштите на Делчев.

Тито молчел цела минута со наведната глава пред гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата св.Спас во Скопје на 4 мај 1975 година.

Потоа кратко рекол „Слава на херојот“. Триесетина години претходно, во 1946 година, со специјален договор меѓу македонската и бугарската влада моштите на Гоце од Пиринскиот дел на Македонија стигнаа во Скопје.

Всушност, Гоце прво требало да биде закопан во серската област, по наредба на Тефиков, началникот на серскиот гарнизон. Бргу потоа било наредено тој сепак да биде закопан во селото Баница каде и загинал.

Три години подоцна, моштите ги ископал Михаил Чаков, соборецот на Гоце и ги сместил во олтарот на црквата во Баница, за во 1917 година, тој самоницијативно да ги пренесе во Софија.PlusInfo

error: Content is protected !!