Октомври е период на пресвртници и на глобално и на лично ниво.
Според прогнозите на астролозите, три клучни датуми ќе ја одбележат не само овој месец, туку и целата есен, а богами и добар дел од зимата.
23 октомври – Сонце во Шкорпија
Драматичниот период продолжува и дополнително се засилува со влегувањето на Сонцето во знакот Скорпија на 23 октомври. Емоциите ќе бидат пренагласени, конфликтите ќе се радикализираат бидејќи кај Скорпијата нема ништо млако, само жешко што не може да биде пожешко. Се ќе биде драматично, се е прашање на живот и смрт и на зборови и на дело.
Ќе биде тешка битка да го добиете она што го сакате по секоја цена без да размислувате за последиците и што ќе се случи утре. Овој период ќе не принуди да копаме сè подлабоко во сопствената душа, да се соочиме со нашите најскриени стравови и да ги изнесеме на светлината на денот за да ги победиме засекогаш.
Ова е исто така период на трансформација кој бара внатрешна сила, но после кој ништо нема да биде исто. јавува Хајат
