БЛАГОЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ТУШЕ, ФОЛК ПЕЈАЧ: Роден сум во Австралија, но моето срце е во Македонија и тука ќе остане!

Благојче Стојановски или попознат како Туше, ресенчанецот кој во Преспа ужива статус на музичка ѕвезда. Популарен и познат пејач и пошироко, ќе констатирам дека е еден од ретките кој си определил да биде свој на своето, во својот крај, со најмилите.

Фолк пејачот Благојче Стојановски Туше дефинитивно е фолкерот кој досега најмногу заработил од музика ,иако не сакаше да открие од блиски нивни дозанвме дека ,автомобилот кој го вози е над 90 000 евра ,поседува стан во Охрид,Куќа во Ресен и 3 станови во Сиднеј Австтралија.Туше освен музика друго ништо не работел во животот ,долги години престојувал во Австралија ,но и пред пандемијата секоја година одеше на турнеја најмалку по 2 пати .

Првото мое издание, тогаш касети, го издадов самиот јас бидејќи никој од издавачките куќи немаа верба во мене, а и тоа што ми го нудеа за соработка беше само да ти наплатат добро, па дали ќе помине или не, не им беше важно. Па затоа можам со гордост да кажам се ова што имам постигнато е само со моја работа и помош од колегите и секако од вас новинарите.

Самиот возев од град во град, од музичка продавница до музичка продавница да го нудам мојот материјал и успеав во тоа. Никој до сега до денешен ден, освен ИНТВ- Австралија, не ми помогнал, не ми пружил рака за некаква промоција или за некакво гостување на телевизија. Апсолутно никој.

Но, бидејќи првиот музички материјал помина убаво добив повик од “Сенатор” за наредниот материјал да го снимам со нивната издавачка куќа и така натаму, другото станува историја. Сега моментално работам со “ДМ дигитал мјузик Битола”, со Кире Стојанов и презадоволен сум од соработката. Досега имам изадено 17 цд -а со нова македонска музика и уште десеттина изданија со жива свирка , бројка со која што сум горд и задоволен.

Ресен и Преспа на времето на лето имаа неверојатно многу живи свирки, Ресен во летното, Претор дури седум, Отешево по две, три, Крани имаше музика и дискотека… Каква е сега состојбата на тој план?
– Така беше некогаш и јас настапував повеќе години и во Отешево и во Претор и во Асамати и во Крани. За жал од тоа нема ништо сега, со години наназад згаснува сето тоа, а сега дополнително и ковид 19 ја влоши ситуацијата.

*Вас, првата награда на еден “Охрид фест” ве направи попознат во регионот и пошироко. Летово се закитивте и со една друга, во Новаци.
-Точно така имам настапувано на повеќе фестивалски изданија и на “Охрид фест” и на “Валандово” и на “Филиграни” и можам да се пофалам дека сум добитник на неколку награди на овие фестивали, а последната награда ми е од “Летен фолк хит 2020” каде освоив трето место со песната “Милион бакнежи”.

*Сега многу албуми се зад вас, и фестивали, победи и награди. Но како пејач кој имал финансии за уште поголеми вложувања, од оваа гледна точка, сметате дека можевте и уште повеќе да снимате ?
-Мислам дека се направив како што треба во врска со снимањето, можеби само сум правел поголема пауза од албум до албум, но задоволен сум како досега се одвиваа работите. А, тоа со финансиите и за повеќе вложување во музиката сите знаеме дека требаше да “финансирам “ некого за да ме турка на површина, а знаеме и тоа е јавна тајна колку се нивните барања така што јас го одбрав потешкиот пат, оној трнливиот пат и успеав. И никогаш не се каам што го одбрав овој пат.

*Кога сме кај финансиите, јавна тајна е дека тие за вас не претставуваат проблем. Роден сте во Австралија, таму живеевте, вашето семејство е познато со вносни бизниси, не мора да пеете по било кои услови, може да држите цена, често патувате во многу земји за да пеете кај нашите во Австралија, Америка, Европа…Би рекла, “нема зима за вас” . Но, многу ме чуди, иако имате и живеалиште во Сиднеј и често со семејството, сопругата и децата, одите таму, не ви дошло желба за целосна преселба?

– Јас сум роден во Австралија, но моето срце е во Македонија и тука ќе остане.Имам можност да се преселам таму, но како што кажав воспитан сум родителите да не останат сами на старост така што ние со фамилијата решивме да останиме тука и нашите родители да се порадуваат со внучињата. А како што и вие знаете доста патувам и со фамилијата, фамилијарно. Јас не сум зафатен со бизниси и сакам да кажам се што сум створил мое е од музиката. Држам цена, а и доста пати одам за чест кај другари и блиски пријатели.

Следни планови. Се молам на Бога да прекине ова лудило со коронава да се изнајде некој лек и да почнеме нормално да функционираме. Планови имам многу но сега целото внимание ми е насочено кон справување со ковид 19. Двајцата синови мои се музички талентирани , постариот син веќе свири во бендот “Оутбрејк” во Ресен, свири клавијатури а и учи средно музичко во Битола, додека другиот е премногу талентиран за музика но сепак сега за сега одиме напред со фудбалот и оваа година е дел од УЕФА паралелката, на Академија во Скопје каде што сега тренира и живее, на свои 13 години е веќе самостоен и одговорен .

error: Content is protected !!