Македонка Ѓорѓева е родена во Прилеп. Има 52 години и речиси сиот живот е самохрана мајка. Сама го одгледува и расте својот син Трајче. Тој денес има 20 години. Исто како и неговата мајка и тој сака да стане академски граѓанин. Но, условите во кои живеат им се навистина лоши. Без вода и струја, без бојлер и бања, без машина за перење и фрижидер.

Ова семејство живее со минимална социјална помош. Ако купат храна од неа, не останува за сметките. Ако платат сметки, цел месец ќе гладуваат. Не знаат кој пат да го фатат. Блокирани се од сите страни. Неколку месеци живееле и без денар. Биле принудени буквално да просат.

А, Трајче расне. Сака да учи и да стане угледен и да ѝ се оддолжи на мајка си. Но, во моментов сè што може ова семејство да направи за да се спаси е да ја сподели својата мака со јавноста и да побара помош за спас за да преживее.Македонка за себе ќе каже дека имала убаво мирно детство. Нејзините родители не биле богати, но, и овозможиле да заврши високо образование, да ја прошета Европа и Балканот, да ужива во животот и во младоста.

И, токму печат на таа младост ќе стави погрешниот избор на партнер со кој треба да го дели животот. Пред 20 години таа одлучува да го каже судбоносното ДА во Неготино, но, постојани сопки и опструкции ќе добива од семејството на сопругот. Па дури десетпати ќе биде враќана од Неготино и земана од куќата на татко и. Од тој брак, како плод се раѓа Трајче кој денес има 20 години, и, кој за жал нема да види убаво детство. Не дека Македонка не сака да му овозможи, туку нема како и нема со што

Иако сопругот на Македонска одлучува да дојде во Прилеп и таму да гради брак и семејство, и тој обид ќе се покаже како безуспешен до таа мера што, додека Македонка е во болница со тогаш малиот Трајче, таткото со социјална помош без да остави денар за болното дете, се враќа назад во Неготино. Денес, ниту Македонка, ниту Трајче не сакаат да контактираат со него, зашто во најтешките моменти тие двајца беа оставени на милост и немилост.

– Не ме сакаше неговата фамилија. Правеа се, само да ме избркаат од куќата. Ме местеа, ми правеа караници, па, тој ме бркаше и враќаше постојано. До таа мора беше себичен, што со социјалната помош што како семејство ја земавме, додека со Трајче бев во болница ме остави, ни ги зема парите и замина засекогаш-вели Македонска за својата несреќна судбина.

Ако сакате да помогнете на ова семејство тоа можете да го направите на следниот број 076/879169

Целата статија можете ја прочитате на следниот линк Приказна.мк

Автор Оливера Петрушевска