Ви пренесуваме ФБ статус од Менче Точи




Едно 14 годишно девојче од Кичево е спасено од сигурна смрт на скопските клиники, тоа можеше да заврши трагично, заради НЕСТРУЧНОСТ и НЕЗНАЕЊЕ на лекарите кои го довеле во критична состојба. Ова не е прв ваков случај, лекари да не знаат да дијагностицираат, да забележат кога се работи за дијабетес тип 1 кај дете.




Јас се сеќавам за сите, а едно дете заврши фатално! Надлежните да го испитаат случајот, а најмалку што може е кривична пријава за инволвираните во случајот! Еве ја грижата на матичните лекари за пациентите. Пациентот ПРЕД се, парите ќе ви дојдат!




Во продолжение реакција на Асоцијацијата за детски дијабетес -Баланс МК
РЕАКЦИЈА: Дијагностицирањето на дијабетес тип 1 кај децата не треба да биде животозагрозувачка состојба!
Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БаланС МК, за жал, по кој знае кој пат, чувствува должност и мора да сподели со јавноста уште една информација за тотално лекарско незнаење кое што 14 годишно девојче од Кичево за малку ќе го чинеше живот!




Почитувани сограѓани,
Имено, денес, во 21 век во ерата на сеопшт техничко-технолошки развој и едукација, во време кога далеку пред ковидот, а сега, за жал, уште повеќе дијабетесот е водечка светска пандемија (околу 600 милиони лица во светот живеат со оваа состојба), во Македонија се образуваат и работат, медицински лица коишто незнаат да дијагностицираат дијабетес тип 1!




Наместо правилно детектирање и дијагностицирање на оваа состојба, кај девојчето лекари од Кичево од примарната и секундарна здравствена заштита применувајќи крајно штетна терапија при оваа состојба, го довеле детето до животно загрозувачка состојба – драматична дијабетична кетоацидоза. Девојчето е итно пренесено во клиниките во Скопје, прво во Детската болница за белодробни заболувања во Козле ради сомнеж на бронхопневмонија, па од таму на Детска клиника и на крај на КАРИЛ, каде што по 48 часовни напори ова наше дете успева да се извлече по што е повторно пренесено на Детската клиника (Оддел за ендокринологија) каде што и сега се наоѓа во многу подобра општа состојба.




Во сеќавањето на јавноста се уште се случаите со исто така 14 годишното девојче од Охрид кое што ја доживеа истата судбина – без оглед што потоа дел од лекарската фела се обиде да ја фабрикува вистината префрлајќи ја вината кон нејзините родители (немедицински лица) за наводна родителска негрижа, потоа со четиригодишно детенце од Свети Николе и деветгодишно дете од Гевгелија.




Всушност вакви случаи со деца кои пројавиле симптоматологија на дијабетес, но таа симптоматологија воопшто не била “земена во предвид“ има многу во годиниве наназад. Тие пак случаи не станаа причина за резолутно институционално делување. За жал!




За овој проблем многупати и ние како Асоцијација за детски дијабетес, а заедно со последниот бастион на нормалноста при тртманот на оваа состојба – дијабетес тип 1 во детска доба, односно Клиниката за детски болести Скопје и детските педијатри ендокринолози алармиравме, предупредувавме, исто како што тоа и сега по повод овој немил настан тоа го правиме.




Ќе повториме: во 21 –век, овде во државава, а надвор од Скопје, во внатрешноста, има медицински лица кои просто не знаат да дијагностицираат дијабетес тип 1! Цената за тоа е погоре изложеното: тешка животно загорузавачка состојба на децата, здравствена но и семејна траума која остава длабоки неизбришливи траги. Иако е несвојствено во јавно обраќање сепак и тоа ќе го направиме: фала му на Бога што децата буквално во пет минути до 12 стигнувале до Скопје.




Оти очигледно само Оној горе во таквите околности на стручен дилетантизам, неетичност и негрижа, го давал она малку неопходно време – таман потребно за докторите од Скопските клиники ги спасат децата од најлошото!
Оттаму, на крајот како пациентско здружение кое се грижи за здравјето и здравствената заштита на 600-тини деца со дијабетис тип 1 (инсулин зависни) овој пат бараме итно размрдување и АКЦИЈА на институциите надлежни во вакви случаи (доколку воопшто нешто од нив останало освен формата) во насока на спречување на вакви настани.
Апелираме и до здравствените работници, сите оние кои што се докажале со својот труд и стручност, да застанат на нозе, да го дигнат својот глас во името на сопствениот труд и најмногу од се во името на личниот ИНТЕГРИТЕТ оти здравствениот систем ни е на умирање во секој поглед.




Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК изразува целосна поддршка на родителите на 14 годишното девојче (а доколку е потребно и со конкретна логистика) овој случај да го расчистат до крај со сите правни средства што им стојат на располагање.




Ние како пацинетско здружение ќе продолжиме со безпоштедна борба против сета неписменост за оваа воопшто неретка болест – оти во Македонија според Националната комисија за дијабетес над 125.000 лица боледуваат од дијабетес а има медицински работници кои што немаат блага врска што е дијабетес, ниту ја препознаваме неговата симптоматологија!?!
Бараме Министерството за здравство во најбрз рок да го истражи случајот (и не само овој, оти само оваа години минимум три нови случаи на дијабетес т1 завршиле на КАРИЛ, од кој еден фатално) и сите одговорни за оваа трагедија да бидат соодветно нормативно процесуирани, вклучително и кривично. Не заборавајте, јувенилниот, детски дијабетес тип 1 ја зафаќа во 95% детската популација!




Бараме сите пациентски организации, ама и сите родители, да станат во одбрана на правото на децата за квалитетна здравствена заштита и грижа. Во зловреме само солидарноста, заедништвото, и одлучноста може да не спасат.
Асоцијација за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК

