Повеќе од две години десетици луѓе во канадската провинција Њу Бранзвик страдаат од вознемирувачка серија на невролошки симптоми, што поттикна шпекулации дека се жртви на непозната дегенеративна болест, пренесува Јутарњи лист.




Властите во покраината треба наскоро да објават извештај, по што треба да се знае дали случаите се меѓусебно поврзани, или едноставно е погрешна дијагноза или клиничка грешка. Но, додека јавноста чека одговори, оние кои се борат со тешки симптоми велат дека се оставени сами да се снаоѓаат.




Жртвите и нивните семејства го опишуваат застрашувачкото влошување на телото и умот, во комбинација со агонија од чекање за каква било информација.
Габриел Кормиер (20) сонувала да се запише на медицински факултет. Но, во 2019 година започнаа болки во мускулите и тешкотии со концентрирање и гледање. Нејзиното семејство на почетокот мислеше дека тоа е спортски замор. Меѓутоа, Габриел набрзо повеќе не можела да одржува рамнотежа. Оваа млада жена сега оди со бастун, има потешкотии да зборува и не може доволно да се фокусира за да оди на настава на факултет. Нејзиниот сон да стане доктор полека ѝ се измолкнува.




„Тоа ни ги крши срцата. Младите треба да живеат и да уживаат. Наместо тоа, тие се борат со овие здравствени проблеми што не можам да ги објаснам“, вели маќеата на Габриела, Стејси Квигли Кормиер. „Политиката успорува сè. А она што овие луѓе го немаат е време“.




Пошироката јавност првпат стана свесна за мистериозната болест минатиот март, откако протече владин документ во кој се бара од лекарите да внимаваат на пациентите со симптоми слични на болеста Кројцфелд-Јакоб или „кравјо лудило“. Владата тогаш го нарече „група на невролошки симптоми од непозната причина“.
Во тоа време, научниците од покраината работеа со федералните колеги за да се обидат да најдат одговори. Внатрешните документи покажаа дека низа тестови дадоа само неубедливи резултати, па локалните здравствени единици почнаа да ја истражуваат можноста причината да се крие во околината, вклучувајќи сино-зелени алги, токсини во школките, хронична исцрпеност, па дури и глифосат – контроверзни шумски хербициди .




Жртвите и нивните семејства велат дека сè е забавено откако регионалните власти ја презеле истрагата.
„Нема комуникација. Нема информации, лекарските прегледи не се направени со порано темпо. Тогаш расположението на Габриела почна да опаѓа“, вели Квигли Кормиер. „Прашањата остануваат неодговорени и таа почнува да губи надеж.




ДО 150 СЛУЧАИ?
Владата откри 48 случаи минатата пролет, иако медицински извори велат дека бројот е поблиску до 150, а многу од засегнатите се луѓе на возраст од дваесет и триесет години.
Претходно овој месец, Јохане Баучер, една од првите 48 пациенти, доби писмо од комисијата во кое се вели дека таа повеќе не се смета за случај што треба да се истражува.




Во писмото се наведува дека може да страда од еден вид прогресивна афазија, односно губење или нарушување на говорот, што е или форма на Паркинсонова болест или кортикобазална дегенерација. Комисијата и препорача да направи тестови кои 63-годишната веќе ги направила.
Бев во шок“, напиша таа во пораката до Гардијан, бидејќи повеќе не можеше да зборува од крајот на 2021 година. „Веќе не можам ни кафе да нарачам. Единствено што можам да напишам е. После четири години ме прегледаа двајца невролози и ми направија безброј тестови. Не знам што ми е. Болеста сè уште е непозната.’




Терилин Порел (33) е подеднакво разочарана од начинот на кој провинцијата Њу Бранзвик се справува со нејзиниот случај.
Во летото 2020 година, Порел почувствува остра болка во ногата „како струен удар“. Оваа страсна планинарка вели дека тоа чувство поминало низ нејзиното тело во следните денови и на крајот стигнало до нејзините раце и лице. Исто како и во случајот со Габриел Кормиер, нејзиниот вид се влоши. Офталмологот и рекол дека мускулите во нејзините очи се однесуваат слично како луѓето во 70-тите и 80-тите години, пишува Јутарњи .
