Ви пренесуваме ФБ СТАТУС од Надица




Пред малку во Веро Џамбо фино лепо бев дискриминирана од потребата јадење да си купам само зошто сум немала сертификат. ЈАДЕЊЕ!!! … ЈАДЕЊЕ!!! .. ПОТЕНЦИРАМ!!




И тоа го кажав на вработениот! Не отидов со цел да купувам гардероба и да шетам по бутиците! Нормално редарот си ја работи работата како што му е наложена и си го чува лебот, со што ми потенцира дека ми е забрането да влегувам, него што правиме со ваквите мерки за дискриминација на народот?




Ова ли е тоа слободно право на движење, право на избор, демократија? До кога со поделбите? Небаре сите што влегоа пред мене имаа вистински сертификат…. И ДА!




Не се плашам толку од вакцините колку што мерките Ви се нефункционални со што се прави револт и поделба кај народот.. Како и до сега!!!




P. S Сабајле во 22ка имаше страшна гужва…Тие што се возат знаат за што зборувам!




ЈСП нека пуштат уште некои линии, бар да не си дишиме во врат, нели… Веќе кога ми е забранета потребата да си купам јадење, бар да се има место каде да се седни во автобус!
