Во овој момент силен облачен систем од Хрватска се движи кон нас и веќе го зафати северозападниот дел, носејќи врнежи од дожд и грмежи.

На некои локации се очекуваат поизразени врнежи со грмежи, каде за пократок временски интервал би наврнале десет литри дожд на метар квадратен.

Иако се очекуваат грмежи, нема да има грмежи како оние што претходно ги погодија Словенија, Хрватска и Унгарија.

Во другите делови на земјава ќе се задржи суво, а кон крајот на денот и во текот на вечерта се очекуваат врнежи од дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени, а максималната ќе достигне 25.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде до 21 степен.