Како што заоѓа сонцето, тие стануваат како растение – тие се целосно парализирани и не можат да зборуваат. Ова е морничава, но вистинита приказна за две момчиња кои страдаат од ретка болест.

Браќата Абдул Рашид (9) и Илија Хашим (13) од Пакистан страдаат од мистериозна и многу ретка болест. Во текот на денот тие се многу активни момчиња, но кога сонцето заоѓа, тие стануваат како растение – тие се целосно парализирани и не можат да зборуваат.

Нивниот татко ги нарекува „сончеви деца“, тврдејќи дека тие црпат енергија од сонцето. Сепак, ова беше отфрлено откако момчињата беа видени како се движат дење во темна просторија, студена област или за време на дождливи денови кога нема сонце.

– Овој случај е голем предизвик за нас. Лекарите се обидуваат да ја откријат причината за оваа чудна состојба – вели Џавед Акрам, професор по медицина на пакистанскиот институт за медицински науки. Момчињата биле подложени на различни тестови, земени се примероци од крв како и воздух и земја од нивната околина. Сè пратија на експерти во странство.

Нивниот татко е многу очаен. Никој не можеше да им помогне на двете момчиња да водат нормален живот. Дури и со 300 различни тестови, лекарите веруваат дека се работи за генетика, бидејќи роднините на нивните родители, со шест од нивните деца, починале многу мали, додека нивната ќерка останала здрава.

За жал, и до ден денес нема лек за оваа болест и лекарите очајнички се обидуваат да ја откријат причината за оваа состојба.

Благодарение на лековите, момчињата можат да останат активни до 22 часот, кога ќе станат парализирани. „Сега се многу подобри и верувам дека еден ден ќе бидат целосно излечени, како што ќе напредува нивното лекување“, вели нивниот татко.