Временска прогноза за недела, 4 февруари 2024 година.
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 4 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус 2, а максималната ќе достигне 14 степени.
Според УХМР, продолжува периодот на стабилно и суво време со пораст на температурите кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.
Времето за следните денови
Во Македонија во следните седум дена ќе биде значително потопло со дневни температури над и значително над просекот за овој период од годината, на повеќето места од 14 до 20 степени, локално и до 22 степени . Во текот на денот претежно сончево, повремено со мала до умерена облачност.
