Претседателот на Кина Си Џинпинг денеска упати роденденска честитка до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во која истакна дека соработката меѓу двете земји дава богати резултати „кои носат конкретни придобивки за народите на двете земји“.




– Високо ги ценам добрите деловни односи, како и личното пријателство што го изградив со вас и придавам големо значење на развојот на односите меѓу Кина и Србија – напиша кинескиот претседател.




– Затоа сум подготвен заедно со вас да го промовираме традиционалното пријателство и заемно корисната соработка меѓу Кина и Србија со цел трајно да ги подигнеме на ново ниво и да придонесеме за благосостојбата на нашите две земји и народи. Ви посакувам добро здравје и се најдобро – се наведува во честитката на претседателот Си Џинпинг.




Кинескиот претседател напиша дека „во последните години, развојот на сеопфатно стратешко партнерство меѓу Кина и Србија се одржува на високо ниво, а меѓусебната политичка доверба е силна“.




– Нашата практична соработка дава богати резултати, кои носат конкретни придобивки за народите на двете земји. Соочени со предизвикот на пандемијата на вирусот КОВИД-19, Кина и Србија го делат доброто и злото и си помагаат, со што го потврдуваат своето скапоцено, челично пријателство – изјави Си.




Тој му се заблагодари и на претседателот на Србија за посетата на Кина и присуството на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг.




– Ми претставува огромно задоволство што по тој повод остваривме средба со вас, на која постигнавме многу нови консензус за прашања на кои заедно обрнуваме внимание – напиша кинескиот претседател во честитката по повод роденденот на Вучиќ.
