Додека Макдонија ужива во последните денови на Михољското лето со температури кои на некои места достигнуваат и до 20 степени, метеоролозите најавуваат пресврт, бидејќи сувото и релативно топло време за неколку дена ќе биде заменето со вистинска есен. Веќе од наредната недела доаѓа промена која ќе нè врати од сончевото уживање во есенската реалност.

До понеделник се очекува умерено облачно време со сончеви периоди, релативно топло и претежно суво. На западот и југот можно е појава на слаба дожд. Ветер слаб, јужен, а дневните температури ќе се движат од 16 до 23 степени Целзиусови

Заладување, наоблачување со дожд и грмежи

Во понеделник се очекува пролазно наоблачување со дожд, местимично и грмежи, проследено со заладување. Од тој ден највисоките температури ќе се движат од околу 7 степени на северозапад до околу 21 степен на исток од регионот.

Од вторник, па кон средината на месецот, ќе преовладува суво, но постудено време, со температури околу просекот, бидејќи од исток ќе продира сув и студен воздух. Можно е појава на првите мразеви, а дневните температури ќе бидат од 6 до 14 степени Целзиусови .

„Црвен“ почеток на ноември

Метеорологот Иван Ристиќ, кој претходно најави задоцнето Михољско лето, истакнува дека сончевото, суво и релативно топло време ќе трае до понеделник, 3 ноември.

– До 3–4 ноември ќе имаме Михољско лето. Топли и суви денови, претежно сончеви, ќе се задржат до крајот на оваа недела. Следната недела, најверојатно со врнежи, следува нов пресврт .

Тој нагласува дека почетокот на ноември ќе биде во знакот на добро познатата „црвена“ боја на временските мапи, со максимални температури околу и над 20 степени Целзиусови – како да е почеток на октомври.

Есенски температури и поголемо заладување во ноември

По необично високите температури за ова доба од годината, наскоро ќе следуваат просечни есенски вредности.

– Од понеделник очекувам пад на температурата за околу пет степени и повремени врнежи. Ќе настапи вистинско есенско време, со температури од 15 до 20 степени, кои потоа постепено ќе опаѓаат. Во тој период ќе се зголемат шансите за појава на магла, особено во котлини и речни долини. Ќе има повеќе облаци, а по 20 ноември следува и поизразено заладување, со можност за снег и во пониските предели.