Министерот за Трнаспорт Александар Николоски на својот ФБ профил објави статус, каде што се воведуваат две нови авиолинии од Скопје:
Од Скопје ќе се лета до Женева и до Париз
Воведуваме уште две нови дестинации на барање на дијаспората!
Ве информираме дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа:
Скопје -Женева ќе започне да оперира од 3 ноември
Скопје-Париз (аеродром Орли) ќе започне да се оперира од 2 април
Јавниот повик е се уште отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат критериумите предвидени со повикот.
