Работниците во фабриките за тули во Бангладеш работат седум дена во неделата, за што добиваат 3,7 евра дневно (350 бангладешки така – БДТ), што е месечна плата од 110 евра.

Патем, минималната плата во Бангладеш е 15 евра (1.500 БДТ), а просечната плата е 150 евра (15.100 БДТ), па би можело да се каже дека тоа не е толку лоша саатница.

Меѓутоа, сопствениците на фабрики во главниот град на Бангладеш, Дака, во просек вработуваат од 100 до 200 работници кои се чуваат на работа за време на сувата сезона од изгрејсонце до зајдисонце.

Работниците вршат тешка физичка работа – по цел ден носат печени цигли на главите и ја преминуваат реката, со цел да ги подготват за извоз во градежните компании надвор од Дака, а ниту жените не се поштедени од таа работа.