Претседателот најави големи планови.

Српската напредна партија денеска во Мерошина го одржа првиот предизборен митинг во рамки на кампањата за претстојните парламентарни избори на 3 април, на кој пред граѓаните се обрати и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Претседателот Вучиќ вечерва гостуваше во телевизијата „Танјуг“ каде даде ексклузивно интервју и им се обрати на граѓаните на Србија на повеќе значајни теми.

Како граѓанин би си рекол дека требаше да работам уште подобро, многу подобро како претседател и да имам уште повеќе енергија. Сепак, задоволен сум од постигнатото. Србија оди во вистинска насока. Имаме највисока стапка на раст во последните две години, но луѓето не разбираат дека сè уште сме далеку зад развиените земји, но важно е да стигнеме. Овој проблем го имаме и со губитничкиот менталитет, кој полека се менува. Ако можеме да победиме во кошарка, ватерполо, тенис и фудбал, ќе можеме да победиме и во економијата – вели Вучиќ.

Претседателот вели дека Србија, но и сите брзаат да ги завршат сите патишта и инфраструктурни проекти бидејќи цените на материјалите и суровините растат насекаде во светот.

Вучиќ особено зборуваше за доизградбата на брзата пруга Белград-Нови Сад и автопатот Милош Велики.

– Тоа е најважно за луѓето бидејќи знаат дека така ќе пристигнат нови инвестиции, дека ќе им биде полесен животот и дека ќе имаат поголеми можности – вели Вучиќ.

Претседателот зборуваше за негативните појави во нашето општество, кои се предизвикани од наметнувањето погрешни вредносни системи, кои најмногу се промовираат на социјалните мрежи, но и од страна на опозициските медиуми.

Како што вели, сето тоа се прави заради одредени политички интереси.

-Пред десет години просечната плата во Србија беше 330 евра, а сега е 610. Без разлика дали некој ме сака мене или Ана или не, фактите се дека Србија напредувала. Изградивме четири болници за Ковид за четири месеци. Погледнете го Институтот Дедиње каде ја имаме најновата технологија што ја применуваме во нашето здравство – вели Вучиќ.

100 евра за млади и просечна плата од 1000 евра

Вучиќ вели дека државата сега има доволно пари и дека сака симболично да им помогне на младите.

Тој најави и голем план според кој просечната плата во Србија за четири години ќе биде 1.000 евра .

– Сега велат тоа е популистичка мерка. Не заборавајте дека ги намаливме и платите и пензиите затоа што ни беше уништена државата. Луѓето не поддржаа кога презедовме тешки мерки за да ја спасиме нашата економија, која ја уништуваа другите. Денеска сме во ситуација да ги зголемиме платите и пензиите. Нашиот план е за четири години просечната плата да биде над 1000 евра, во Белград да биде 1260 евра, а денес во Белград е 750 евра, а во Нови Сад над 700 евра.