Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а во источните делови и во Пелагонија засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Во Скопје променливо облачно и релативно топло. Во делови од котлината ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

Двевните температурите ќе се движат од 8 Целзиусови степени во Дебарскиот регион до 19 Целзиусови степени во Струмичкиот.

Времето за следните денови

Според временската прогноза за следните седум дена, до сабота, 2 март, времето за овој период од годината ќе биде умерено до целосно облачно и топло, на повеќето места од 15 до 20 степени и ветровито со слаб и умерен јужен и југоисточен ветер, а во планинските предели повремено ќе дува засилен ветер.

Во недела на места ќе има слаби врнежи од дожд, додека на почетокот на следната недела врнежите од дожд ќе бидат ретка појава.

Од четврток претежно облачно, повремено со слаб дожд.