Што да се каже а да не се заплаче. Три дена македонците киснат на ФБ бранејќи ги или храбрејќи ги русите, американците или украинците.

Што се не ни се исподеси на нас како држава и народ годиниве наназад не гукнааа ни збор, па сега станааа ептем загрижени за војната Украина-Русија- Америка.

Не велам дека на секој еден нормален човек не би го засегнало и не би напишал нешто. Ама да седиш цел ден на ФБ и да трубиш за други ( иако најголем дел појма немаат за проблематиката) , а да си удавен до гуша со домашни проблеми има само едно објаснување:

најголем дел од коментаторите коленичат или се лижат кај едната или другата страна надевајќи се ( или веќе го имаат) на некој ситен бенефит во различна форма кој сите знаеме каков може да биде.

И затоа моја препорака до нив е да не се брукаат премногу, провидни се за денешно време. А јас само се молам да надвладее разумот и војната што побрзо да заврши- да нема страдање.