По информација за повредено лице на непристапен терен, во ловниот терен кај скопското село Буковиќ, стигната во Центарот за управувње со кризи (ЦУК), веднаш е пристпаено кон негово спасување.

Повреденото лице е безбедно евакуирано и со хеликоптер се транспортира на Ургентниот центар за понатамошна постапка.

– Докторката, која е на лице место во непристапниот терен не извести дека повреденото лице е безбедно евакуирано и со хеликоптер се транспортира на Ургентниот центар за понатамошна постапка во Скопје – ова е утринска порака од дежурниот тим на Единствениот број на итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи

Спасителната акција за хеликоптерскиот транспорт на повредениот ловец од планината до болница е извршена иако е недела. Сите ангажирани од Системот за управување со кризи и ловците реагирале добро и според најдобрите можности што ги имале при итната ситуација на непристапниот терен.

– Благодарение на брзата реакција, се пристапи кон брзо спасување на повредениот ловец во реон на ловниот терен кај скопското село Буковиќ, не беше позната во јавноста. Конкретно, денешниот ден, недела (17.12.2023), прекрасен зимски ден исполнет со сонце и снег по планините, многу убав за планинарски, а и ловни прошетки, бил кобен за искусниот ловец Г.Ј., но за среќа со среќна завршница. Тој, многу пати го поминал во својата долга ловечка кариера висиокиот планински терен при лов на диви свињи, во реонот на село Буковиќ каде што при мало случајно невнимание паднал во длабок дол со карпи ја крши десната нога, во пределот на потколеницата до долниот зглоб, на многу непристапен терен – објавија од ЦУК.

Додаваат дека ловецот не ја соблекол чизмата, за да ја држи постабилна скршеницата и веднаш ги побарал ловечките другари кои биле „распрскани“ околу него на теренот при планираниот лов на диви свињи.

– Останатите ловџии Веднаш дошле до другарот, но повредата била опасна, а теренот непристапен. Бидејќи поминало 08.00 часот, веднаш се јавиле на 112 во ЦУК – и Системот за управување со кризи за спасување е покренат. Медицинската екипа стигнува многу брзо до местото, според податоците за 20-ина минути, иако станува збор за голем висок планински дол е прооден само за искусни планинари и ловци. Имале околу 200 метри до повредениот ловец со скршеница, а не можеле да стигнат до него. Телефонски, медицинскиот тим од Итната медицинска помош давала совети, а ловците ги спроведувале. Го грееле за да не добие хипотермија повредениот, со запалени огнови, ја имобилизирале повредената нога, а потоа го извлекле до попристапно место – појаснуваат од ЦУК.

Паралелно, дежурните од 112 во ЦУК, побарале хеликоптер на што од МВР, веднаш е одговорено. Во паралелна комуникација меѓу ЦУК, МВР и Итната медицинска помош ловците, по извлекувањето на повредениот на попристапно место, почнале да ги сечат високите гранки и грмушки за да може поблизу да пристпи хеликоптерот „бел“ 212 на Хеликоптерската единица на МВР.

– Ловечките „фосфорно“ портокалови елеци ги употребиле како маркери за побрзо лоцирање од страна на пилотите кои пристапиле од воздух. Сите координирано ги извршиле постапките за што побрзо, а за оптимално спасување и транспортирање на повредениот до болница за натамошна постапка. Инаку, хеликоптерот „бел“ 212, бил за првпат опремен со медицинска опрема и требало да појде на симулациска вежба во Битола, а судбината „го повикала“ првиот лет со спасителната опрема да го реализира во реална ситуација. Оваа опрема овозможува на храбрите припадници на Хеликоптерската единица во МВР да бидат уште подобри при вакви специфични спасителни акции на повредени од непристапни терени – се наведува во извештајот на ЦУК.

Повредениот при донесувањето во болница е пречекан од сите што требало да бидат на симулацијата за промовирање на опремениот хеликоптер со спаситлна опрема.

– Денеска, наместо промоција, спасителите веднаш отидоа во спасителна акција. На крај, пренесените вакви искуства преку медиумите, од специфични спасителни акции на непристапни терени, овозможуваат да се подигне и одржува колективната безбедност и да се спасуваат луѓе при животозагрозувачки ситуации и други итни случаи. Може да се констатира дека, токму на многу тешко пристапни места, е прекрасна планинската убавина, но истовремено и немилосрдна и сурова при секое невнимание на посетители. Колку и да се познава, секогош крие мали скриени опасности што може да предизвикаат големи проблеми, ако по игра на случај тие мали опасности „се вкусат“, конкретно предизвикаат ненадеен несреќен случај кога се престојува во прекрасната природа на нашата држава. Тогаш е потребна порисебност, во прв момент да се самопомогне, сам или со помош на други присутни случајни или не поестители на истото место па да се побара 112 во ЦУК. Сисетемот се активира за спасување на повредениот согласно специфичноста на пријавениот итен случај – потенцираат од ЦУК./Фактор