Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус три до четири степени, а максималната ќе достигне и до 20.

Во Скопје претежно сончево и тивко.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на магла по одделни котлини. Температурите ќе бидат во пораст и над просекот за овој период од годината.

Зајакнувањето на циклонската циркулација и напливот на постуден воздух ќе услови често студено време со врнежи (и дожд и снег), па повторно треба да очекуваме повремена снежна покривка во пониските места, особено во втората половина на месецот. Честото облачување ќе предизвика месечен вишок на врнежи – се прогнозира меѓу 40 и 70 mm во пониските предели и околу 80 mm на планините . Во низините треба да очекуваме до три ледени денови со најголема веројатност за појава меѓу 15 и 20 февруари.