Повеќето луѓе стануваат љубоморни во одреден момент од својот живот. Љубомората е во основа сложено чувство што го доживувате кога ќе сретнете некој кој, според вашето мислење, е подобар од вас.




Се чувствувате несигурно и непријатно и се што сакате е да бидете како нив. Астролошки, овие хороскопски знаци лесно чувствуваат љубомора и не можат да ги контролираат своите чувства, пишува Пинквил.
Овен
Луѓето родени под овој хороскопски знак се темпераментни. Склони се кон љубомора кога ќе видат некој што е подобар од нив. Тие имаат тешка природа и можат да бидат понесени од нивните чувства, без разлика дали се работи за љубомора или гнев.




Рак
Раковите доста често се чувствуваат љубоморни. Секогаш кога ќе се чувствуваат љубоморни и несигурни, знаат да го сокријат тоа. Тие не дозволуваат другите да знаат за нивните чувства и ги кријат со леснотија.
Лав
Лавовите не се чувствуваат загрозени од туѓиот успех и се сосема сигурни и задоволни со својот живот. Стануваат љубоморни само кога нивните сакани, особено нивниот партнер, не им обрнуваат внимание и наместо тоа својата енергија ја посветуваат на некој друг.




Девица
Девиците сакаат да бидат најдобри. Мора да бидат на врвот и исполнети се со амбиција и желба. Чувствуваат љубомора секогаш кога некој е подобар и поуспешен од нив.




Скорпија
Бидејќи на Скорпиите им треба време да им веруваат на луѓето, тие се несигурни и се едни од нај љубоморните луѓе. Постојано чувствуваат дека другата личност крие нешто од нив и честопати лажно ја обвинуваат.
