Улиците во селото со повеќе од 7.100 жители се именувани по украинските градови Киев, Одеса и Мариупол.

Мирното село во јужна Шпанија, Фуентес де Андалузија, го промени своето име во – Украина, во знак на солидарност со луѓето погодени од конфликтот оддалечен 4.000 километри.

Името на влезот во селото источно од Севиља е заменето со зборот „Украина“, до кој е исцртано сино-жолтото знаме на таа земја. Улиците во селото со повеќе од 7.100 жители се именувани по украинските градови Киев, Одеса и Мариупол.

– Главна цел е да се подигне свеста за конфликтот во Украина, но и за тоа каде државите моментално војуваат – изјави Франциско Мартинез на улицата Киев.

Тој додаде дека промената на името е повеќе од гест, бидејќи жителите во рок од два дена собрале 3.500 евра за изградба на планираниот центар за бегалци. Селото сака да понуди сместување за приближно 25 бегалци или во центарот или со семејства кои живеат во селото.

Шеесет и осумгодишниот Рафаел Осуна, пензионер, вели дека би прифатил брачен пар од Украина во својата куќа.

– Луѓето кои живеат во Фуентес се многу горди на она што го работиме. Бидејќи живеам сам и имам голема куќа, малку размислував да прифатам украинска двојка – изјавила Осуна.