Собранието ќе му ја испорача сметката, а пратеникот Борислав Крмов вели дека ќа ја плати штетата за скршениот монитор во салата. За тоа колкава материјална штета е направена дополнително ќе биде соопштено, порача спиекрот Талат Џафери, но таа, нагласува Џафери ќе треба да биде надокнадена од пратеникот Борислав Крмов од Левица, кој го искрши мониторот и друг инвентар на претседавачката маса во Пленарната сала. По вчерашниот инцидент откако заменик претседателот на собранието Горан Мисовски беше гаѓан со листови хартија, а двајцата пратеници дофрлаа пцости, сега на ред е обвинителството дали ќе поведе постапка против пратеникот Крмов, вели спикерот за осбранието Талат Џафери.
„Натаму постапката треба да ја води обвинителството, или по пријава од полицијата или по допрен глас од она што се гледа дека се случувало на седницата од која има директен пренос како на Собранискиот канал така и преку веб – страната на Парламентот,“ вели Талат Џафери за МИА
По завршување на продолжението на 131. седница и гласањето за новиот Деловник на Собранието синоќа во пленарната сала припадници на МВР извршиле увид на направената штета. Увидот од страна на МВР е завршен, се врши проценка од страна на собраниска комисија,осигурителна компанија и Бирото за судски вештачења.После тоа ќесе знае точно за висината на штетата, брифираат од собраниските служби. Но, додека пратеникот од Левица ја чека правната разврска, вели дека не му е проблем да ја плати штетата, а ироничо му порача на Џафери дека би одел и во затвор за инциднетот.
Поради неможноста пленарните седници да се одржуваат во Салата за седници од денеска до санирање на штетата тие ќе се одржуваат во Големата сала со купола, вклучувајќи го и обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, е сегашната состојба во собранието. Привидниот театар на Левица, подржан од власта во Собранието, е со цел подигање на намалениот рејтинг, на двете страни, власта и ЛЕвица обвинуваат од опозициската ВМРО ДПМНЕ, а истото обвинување стаса и од владејачката СДСМ.
„Чудна работа, секогаш кога рејтингот на Левица е во пад, како што е во моментов, на сите последни анкети, тогаш се договараат сценарија, заедно со ДУИ и СДС, меѓусебно да си помогнат, бидејќи тоа им одговара на сите страни,“ се наведува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Пратениците на Левица вчера предизвикаа инцидент за време на амандманската расправа за новиот Деловник за работа на Собранието. Борислав Крмов искрши дел од инвентарот вклучувајќи и монитор од претседавачката маса и се расфрлаше со листови од амандманите, а потоа нему му се придружи и Димитар Апасиев.