Тие можат да бидат еден од главните симптоми кои укажуваат на срцев удар, атеросклероза, но и исхемична срцева болест.
Постои голема врска помеѓу жолтите дамки и појавата на срцеви заболувања, утврдиле научниците. Овие дамки се познати како „ксантелазма или антелазма палпебрарум“.




Xanthelasmata palpebrarum најчесто се јавува кај луѓе, и кај жени и кај мажи, и на возраст над 40 години. Тие се поврзани со зголемено ниво на холестерол во крвта, и затоа знаеме дека покачениот холестерол и маснотиите се главните причини што доведуваат до срцеви заболувања, првенствено блокирање на крвните садови и на крајот развој на срцев удар.




Ако се појавиле жолти дамки, никогаш не треба да ги игнорирате! Тие можат да бидат еден од главните симптоми кои укажуваат на срцев удар, атеросклероза, но и исхемична срцева болест. Сите знаеме дека развојот на срцеви заболувања може да биде под влијание на различни фактори, меѓу кои најистакнати се покаченото ниво на холестерол, високиот крвен притисок и зголеменото ниво на шеќер во крвта.




Многу е важно да почнете да јадете само здрава храна, и во таа прилика да престанете да консумирате нездрава храна збогатена со шеќер или сол, нездрави и газирани пијалоци. Започнете да се движите повеќе, и во комбинација со здрава храна ќе можете да спречите развој на сериозни здравствени проблеми, особено кога станува збор за срцето.
