Инфорамцијата дека доктор од Битола е фатен со мито се прошири со молскавична брзина. Осуда за неговата постапка пристигна и од неговите колеги.

На оваа вест се огласи доктор Ненад Лазаров, кој важи за жесток критичар на општествените слчувања.

– Арам да ви е секој денар мито земен од пациент, како не ви е страв од карма само не знам…

Пријавувајте го секој што ќе ви побара и уцени, нема друг начин ова зло да се победи! – напиша доктор Лазаров на неговиот Фејсбук профил.

Неговиот пост предизвика лавина од рекации за кратко време.

Еден од првите кои му коментираше е неговиот колега, д-р. Нико Беќаровски, уште еден врвен доктор кој важи за критичар на случувањата во нашата земја.

Беќаровски порача дека се согласува со Лазаров, и истакан дека со сличен став МОРА да излезе и Лекарската комора. Воедно, ги повика сите пациенти на кои им е барано мито тоа да го пријават во најблиската полициска станица.

Меѓу многубројните коментари, од кои најголем дел критички настроени кон луѓето што носат мито, но и кон докторите кои примаат или бараат мито. Иако помалку, но за пофалба имаше неколку граѓани кои ги раскажаа сопственото искуство, истакнувајќи дека ниту пред, ниту по операција не им биле побарани пари, а биле третирани беспрекорно. Дополнително пациентка раскажа дека самата однела мито, без да и биде побарано, но докторката и ги вратила парите.