Животот во Париз не е евтин. Просечните цени на киријата во француската престолнина варираат во зависност од локацијата и големината на станот, а гарсоњера може да се најде по цена од 1.000 до 2.400 евра. Меѓутоа, ако не сте премногу пребирливи, можете да најдете подостапно сместување.




Викрам е еден од тие – овој Јутјубер е попознат по прекарот Тимвикс и живеел во Париз во микро-стан од само девет квадрати, кој месечно го плаќал за 750 евра.




Иако е многу мал простор, тоа беше доволно за кревет, шпорет со мијалник и мал фрижидер, биро, па дури и туш кабина. Имаше и простор за чување лични предмети – од облека до прехранбени производи, тенџериња и други јадења.




Единствено што му недостигало во тој микро-стан бил тоалетот – се наоѓал во ходникот надвор од станот и го делел со друг сосед, пренесува Punkufer.




Освен релативно ниската кирија за Париз, најдобриот дел од овој стан е погледот. Не само што големиот прозорец визуелно го зголемува просторот, туку нуди и поглед на Ајфеловата кула. Поради близината до центарот на градот и метро станиците, многу е лесно да се стигне до кој било дел од Париз.




Како изгледа кога човек живее во микро-стан од девет квадрати, погледнете го видеото во рамката за текст.
