Животот на домаќинката Марија во далечното украинско село е многу интересен и инспиративен.




Животот на село многумина не можат да го прифатат и покрај тоа што нуди можност за здрав и нормален живот. Во едно зафрлено село, високо во украинските планини, живее една жена по име Марија.




Нејзиниот начин на живот инспирираше многумина, особено жените кои сакаат да готват. Марија сама го води домаќинството , се храни со здрава и природна храна, а добитокот и домашниот зеленчук и даваат можност да подготвува разни специјалитети.




Таа најмногу подготвува традиционални украински јадења. Во дворот има и бунар од каде што добива чиста вода, а шпоретот на кој подготвува храна неодоливо потсетува на оние што ги имаше секоја куќа во Југославија.




Видеата на Марија се многу инспиративни, а гледајќи ги се добива впечаток дека се што таа подготвува е вкусно. Интересен е и начинот на кој таа ја чува храната, како сланина и месо. Најпрво ги соли, а потоа ги става во тегли и ги користи во текот на целата година.




Освен тоа, во подрум чува кисела зелка, додека во дворот има разно овошје и зеленчук. На многу луѓе им се допаѓа овој начин на живот, особено затоа што е здрав. На лицето на Марија се гледа дека е светла и пука од здравје.
