Познатата македонска богерка Мери Амбросова или „Моја Фитнес Мама“ која живее во Украина, на својот профил на Инстаграм сподели каква е ситуацијата таму.




Имено Мери преку видео најави дека таа и нејзината ќерка Марта доаѓаат за Македонија и се надева дека ќе се видиме во Скопје.




– Украина е огромна и само да ја превозиме ни требаат 10 саати – видно вознемирена започна со видеото таа и им се заблагодари на сите за поддршката, па раскажа дека едвај излегле на автопат и има невидени гужви.




Претходно Мери преку фотографии објави дека на бензиските пумпи дозволуваат да се точи само по 20 литри бензин за кола ако воопшто се најде.
