Поплавени се улици, како и подземни гаражи.

Силно невреме проследено со силен дожд, што ја зафати Словенија синоќа, поплави повеќе од 500 згради само во Љубљана , каде што наврнаа 88 литри на метар квадратен, што, според проценките, се случува еднаш во 250 години.

Дежурните служби примиле повеќе од 2.700 повици од граѓани помеѓу 20 часот и полноќ, пишува 24ur.

На железничката станица во Љубљана , водата однесе бетон.

Поплавени се улици, како и подземни гаражи. Бројни автомобили беа уништени, луѓето беа заглавени во автомобили, во многу висока вода. пренесено од Индекс.хр.

Проблемот е што огромна количина дожд наврна во исклучително краток период, во Љубљана дури 88 литри на метар квадратен.

Заедно со бурниот дожд, дуваше силен ветер, кој ги собори дрвјата на улиците.

Според досегашните податоци од утрово, нема повредени.