Првата прегратка со своето дете е незаборавен момент за мајките и татковците. Солзите од радост во овие моменти се неизбежни.

Пример за тоа е и видеото од еден татко кој со својата емотивна реакција допре до илјадници луѓе.

Снимките покажуваат татко како седи и не може да ја сокрие својата возбуда додека чека сестрата да го стави во раце неговиот новороден син.

Возбуден, се шегува и се смее, а кога го зема малиот, изразот на лицето му се смени за секунда и очите му се наполнија со солзи.

Откако беше споделено видеото, објавата собра повеќе од 67.000 прегледи и бројни коментари.