Галопирачкиот раст на цените во светот продолжува

Германскиот стручњак, кој себеси се нарекува „пазарен манијак“, сподели информација на Твитер за најновите поскапувања во Германија:

„Добро утро од Германија, каде цените на храната драстично растат.

Италијанскиот производител на кондиторски производи Фереро ја зголеми цената на Нутела за неверојатни 7,5 отсто. Цената за килограм тегла од 750 g сега е 5,72 евра, во споредба со претходните 5,32 евра.