Ревматоидниот артритис е тешка, хронична, воспалителна болест на сврзното ткиво која најмногу ги погодува зглобовите.




Кај ова нарушување, имунолошкиот систем ги напаѓа ‘рскавицата, коските и понекогаш внатрешните органи. Најчесто зафатени зглобови се малите зглобови, глуждовите, рамената и колената. Тоа е ревматоиден артритис.
Истражувањето спроведено на Универзитетот во Централна Флорида покажува дека бактериите кои луѓето лесно ги собираат со конзумирање млечни производи, говедско месо или производи одгледани во кравјо ѓубриво можат да предизвикаат развој на ревматоиден артритис кај луѓе кои имаат генетска предиспозиција за оваа болест.




Истражувачите анализирале ДНК од примероци од крв од 70 пациенти со ревматоиден артритис и 48 здрави доброволци. Траги од бактеријата биле пронајдени кај 35% од заболените, додека само 8% од здравите индивидуи биле изложени на бактеријата во минатото.




Тие заклучија дека луѓето родени со оваа генетска мутација и кои подоцна се изложени на бактерии преку контаминирано млеко или месо од заразена стока имаат поголем ризик од развој на ревматоиден артритис.




Ревматоидниот артритис е почест кај жените отколку кај мажите во сооднос 3:1.




Обично се развива на возраст од 30 до 60 години, а зачестеноста се зголемува со возраста. Ризикот е зголемен кај семејства со историја на ревматоиден артритис.




Карактеристичен симптом на ревматоиден артритис е утринската вкочанетост која трае најмалку половина час. Отокот и болката во зглобовите траат најмалку шест недели пред да се дијагностицира ревматоиден артритис.
