Регулаторната комисија за енергетика го објави најдрастичниот скок на цените на горивата во последните десетина и повеќе години – од полноќ, бензинот БС-95 поскапува за пет и пол денари по литар,

бензинот БС-98 ќе се продава за цена поскапа за пет денари по литар, а најголемо е поскапувањето кај дизелот, чија цена се зголемува за дури десет денари за литар гориво.

  • Еве ги новите цени:
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 54,319 (денари/килограм)

Регулаторната комисија денешното поскапување го објави со задоцнување од повеќе од шест часа и наместо напладне, како обично, новите цени ги соопшти по 18 часот.