На доктор Мозли пред речиси десет години му беше дијагностициран дијабетес тип 2, а потоа направи нешто што му го промени животот на подобро.




Ризикот од дијабетес тип 2, како и преддијабетес, е поврзан со количината на масно ткиво во телото и особено со обемот на половината. Маснотиите што се „натрупуваат“ во пределот на стомакот не се нешто со кое нашето тело лесно ќе се справи.
Секој од нас, објаснува д-р Мајкл Мозли, има „праг“ на масно ткиво, а кога ќе го преминеме тогаш се јавуваат здравствени проблеми. Потоа, наместо масните клетки, мастите ќе се депонираат во црниот дроб и панкреасот, што ќе ја ограничи нивната работа и ќе доведе до болести.




– Не е важно само што јадеме, туку и колку се движиме, а многумина го забораваат тоа. Поминуваме околу 12 часа дневно во седечка положба, прво на работа, а потоа на каучот во дневната соба. Ако на тоа се додадат осум часа сон, ќе испадне дека не мрдаме 20 од 24 часа на ден, што не е добро за здравјето – рече тој.
Експертот за дебелина, професорот Џим Левин од клиниката Мајо се согласува.




На д-р Мозли пред речиси десет години му беше дијагностициран дијабетес тип 2, не ја сака теретаната и не можеше да се натера да вежба.
-Затоа решив да пешачам и не можев да поверувам каков ефект има тоа врз моето здравје. Секое утро пешачев само по половина час, некогаш сам, некогаш со жена ми. Честопати ќе шетаме уште еднаш навечер – објасни тој.




Вежбањето е многу важно за здравјето, не само за телесната тежина, туку и за функциите на срцето, дигестивниот систем, па дури и менталното здравје. Значи, доколку не сакате да вежбате, советот на лекарот е – пешачете по половина час дневно.
