Јавноста го запозна доктор Ненад Лазаров некаде во март минатата година, на почетокот од оваа пандемиска криза. Тој со кратки статуси на својот профил на социјалните мрежи, почна да дава актуелни информации, поврзани со тогаш новиот и недоволно познат вирус, ковид-19.




Ненад Лазаров е матичен лекар и работи во своја приватна ординација. Тој е еден од ретките доктори од примарната здравствена заштита, кој се вклучи во медиумски дебати околу вирусот, покрај неколкуте професори од Медицинскиот факултет во Скопје.




Тој денеска се обрати со ФБ статус за новонастанатата ситуација со големиот број на позитивни лица




Во моментов имам ист или поголем број на ковид пациенти без пцр отколку такви кои имаат, повеќето прават тест сами дома и сами си одредуваат колку и дали ќе бидат во изолација!




Со закон ми е забрането и немам како да реагирам кога ги гледам по ресторани, си одат на работа, шетаат најнормално, дури и продавачи кои одат по канцеларии, ова не е нормално!
