Температурите се спуштија до -35 степени во сојузните држави на север, а -10 се забележани на југот на Тексас, Алабама и Луизијана, дури и под 0 на северот и северозападниот дел на Флорида, чии области беа покриени со снег.
Претходните денови САД беа погодени од поларен студ, а Европа сега се подготвува за едно од најсилните бури. Инаку, ледената воздушна маса од Канада продрела сè до Мексиканскиот залив, Флорида и северно Мексико. Брегот на Мексиканскиот залив го зафати едно од најсилните снежни бури.
Температурите се спуштија до -35 степени во сојузните држави на север, а -10 се забележани на југот на Тексас, Алабама и Луизијана, дури и под 0 на северот и северозападниот дел на Флорида, чии области беа покриени со снег. Снег и мраз ги покриле и Њу Орлеанс, Хјустон и многу други места со суптропска клима.
Ледената воздушна маса која минува над потоплата површина на Северен Атлантик доведе до зајакнување и создавање на моќни циклони на патот кон Европа.
Во овој момент, снежна бура со урагански ветрови беснее над северниот дел на Северен Атлантик.
Денеска југозападно од Ирска ќе има „експлозија“ на циклон, кој ќе донесе ураганска бура во северозападна Европа.
Во близина на брегот на Ирска, воздушниот притисок во центарот на циклонот ќе падне на неверојатни ниски 937 милибари.
Циклонот најпрво ќе ја погоди Ирска и ќе донесе ветрови од 150 км/ч, а пред западниот брег ветрови од урагански сили до 200 км/ч, со бранови високи до 20 метри.
Циклонот ќе донесе обилни врнежи од дожд во Ирска, северните области и снег, а можни се и поплави и поројни дождови.
Ураганот ќе го погоди и Даблин со удари на ветер од 140 км/ч.
По Ирска, циклонот ќе падне на копно и во Велс и Шкотска, со урагански ветрови со брзина од 160 км/ч и обилни врнежи од дожд и снег.
Со својот периферен дел циклонот ќе донесе силен ветер и проодни врнежи и во Англија.
Со оглед на тоа дека ова е еден од најсилните циклони и бури досега на ова подрачје, издадени се највисоките предупредувања. Невремето ќе биде опасно и за човечки животи и за материјални добра.
По Ирска и Британските острови, циклонот ќе се движи низ Норвешкото Море и ќе ја погоди Норвешка со ветрови со силен ветер, обилни врнежи од дожд и снег.
До крајот на јануари серија моќни циклони од северниот дел на Атлантикот ќе ја погодат Западна Европа.
За среќа, овие циклони нема да донесат невреме во македонија, туку ќе предизвикаат силни јужни струи над нашето подрачје, со наплив на многу топла воздушна маса од северот на Африка, па до крајот на јануари натпросечно топло време е се очекува во Македонија, со температури над 15 степени.
