Екс премиерот Зоран Заев го пречека поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во Струмица.
Заев објави фотографија од средбата на социјалните мрежи.
„Добредојде во Струмица за другарот Алексис Ципрас кој денеска ми е на гости во приватна посета. Се потсетуваме на нашите заеднички напори и придонеси кон мирот и стабилноста на Балканот и разговараме за предизвиците пред кои регионот е денес исправен.
Особена чест ми е што пријателството меѓу Северна Македонија и Грција и моето другарство со Алексис Ципрад преминуваат во трајни и скапоцени вредности“, пишува Заев.
На 30 септември се навршија пет години од референдумот за Договорот од Преспа. Со овој договор, заврши три деценискиот спор за името со Грција.
