Новинарска екипа снимила судир и бегството на еден од учесниците во несреќа во Лос Анџелес во моментот кога известувале за претходна сообраќајна несреќа на истата раскрсница.




Новинарскиот тим на KTLA минатата недела во јужниот дел на Лос Анџелес со репортерот Џин Канг, снимале сторија за несреќа што се случила на 26 февруари на една од најопасните раскрсници во областа.




Додека ја снимале таа сторија, се баш пред камерата се случила друга сообраќајка.




Како едноставно снимањето на овој судир со камерата да не беше доволно драматично, возачот на Хонда направи полукружен маневар, го премина работ на тротоарот и побегна.




Новинарска екипа веднаш повикала полиција да ја пријави несреќата. Кога пристигнале властите, успеале да ја пронајдат регистарската табличка која испаднала од избеганиот автомобил. Се посомневале дека возачот е вмешан во претходно кривично дело, па избегал.
