Ако не ги храните овие бактерии, тие нема да можат да ја играат својата улога во регулирањето на имунолошкиот одговор




Здрава исхрана, редовна физичка активност, сон – сето тоа има влијание врз имунолошкиот систем. Кога станува збор за исхраната, многумина веруваат дека витамините се најважни, но алергологот и имунолог Хедер Модеј истакнува дека нешто друго е многу важно.
„Ако навистина сакате да си направите услуга, обрнете внимание на тоа колку влакна јадете секој ден“.




Зошто влакната се важни за имунитетот
Околу 70 проценти од имунолошкиот систем се наоѓа во цревата, па јасно е дека рамнотежата или нерамнотежата на бактериите во цревата има огромно влијание врз имунитетот. И што е важно за одржување на рамнотежата на овие бактерии или микробиоми? Погодувате, влакна!




Имено, влакната што ги јадеме се храна за добрите бактерии во цревата.
„Ако не ги храните овие бактерии, тие нема да можат да ја играат својата улога во регулирањето на имунолошкиот одговор“, предупредува имунологот Модеј.




Експертите истакнуваат дека повеќето луѓе денес не добиваат доволно влакна. Препорачаната доза е најмалку 38 грама дневно за мажи и 25 грама за жени, додека просечниот човек внесува само 16 грама.




Лесен начин да се зголеми внесот на влакна, вели имунологот Модеи, е да додадете лажица ленено семе во салата или смути, на пример. Чиа семето содржи и многу влакна, но и слатки компири, авокадо, малини …
