Горештините што ја зафатија државава, доведе и до наезда на змии.. Граѓани сведочат дека ги забележале дури и во центарот на Скопје, а една била фатена дури и во Министерството за здравство..

Тропските горештини кои не зафатија ги предизвикаа змиите да излегуваат и се почесто да ги среќаваме.

Човекот кој ги проучува водоземците и влекачите херпетологот Богољуб Стерјовски од македонското еколошко друштво кого и денеска го затекнавме во своите редовни обврски на планина со препорака само да се внимава каде се движиме и кои се основните безбедбносни предуслови кои треба да ги запазиме.

За да се превенира појавата на змии општина карпош уште пред два месеци почнала акција за расфрлање на репеленти кои ги бркаат змиите во дворовите на градинките и училиштата а деновиве таа акција се одвива и во населените места трнодол, жданаец и покрај вардар како места кои се поризични и често јавуваат луѓе дека виделе змија.

Во Македонија од 16 видови на змии кои се сретнуваат но само пет се отровни. Препорака на експертите е за сите случаи на каснување на змија помош да се побара на инфективната клиника или во најблискиот медициснки центар. Годишно до 100 случаи на касувања од змија се регистрирани во земјава, најмногу во периодот на летните горештини.

Летните месеци носат со себе зголемен ризик од kаcнување од змија, а дали знаевте дека на змиите особено им пречи една работа, а не ежот?

Имено, експертите препорачуваат мирис на молци, како средство со кое може да се заштити околината на куќата од овие влекачи.

Употребата е многу едноставна.

Пластично шише се сече за да ги покрие ударите подигнати над земјата, а змиите го чувствуваат на голема оддалеченост и не остануваат никаде во близина, пишува Југмедија .