Поранешната обвинителка за воени злосторства Карла Дел Понте го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на Владимир Путин.




„Путин е воен злосторник“, рече Дел Понте (75), која ги истражуваше воените злосторства во Руанда и поранешна Југославија во интервју за дневниот весник Le Temps.




Дел Понте, која со години работеше и на истражните права на Комисијата на ОН за кршење на правата во Сирија, нагласи дека издавањето налог за апсење е важен сигнал „дека истрагата е спроведена“.




„Тоа е единствениот инструмент што постои што дозволува сторителот на воени злосторства да биде уапсен и изведен пред МКС“, рече таа за Le Temps, пренесува The Guardian.




Дел Понт призна дека налогот за апсење не мора да значи дека Путин ќе биде приведен:




„Ако остане во Русија, тоа никогаш нема да биде случај. Но, за него би било невозможно да ја напушти својата земја и тоа би бил силен сигнал дека има многу држави против него“. пренесува „Радио Сараево“ .
