Најниската температура од -2 до 8, а највисоката дневна од 16 до 20 степени




Во Македонија утрово ќе биде студено, понекаде со слаб мраз, а во текот на денот сончево и топло.




Ветер слаб и умерен, на исток повремено засилен, северен и северозападен ветер.




Најниската температура од -2 до 8, а највисоката дневна од 16 до 20 степени.




По студеното утро во Скопје утре ќе биде сончево и топло. Ветер слаб и умерен северен и северозападен.




Најниската температура од 0 до 5 степени, највисоката дневна околу 18. За викендот и во понеделник кај нас се очекува претежно сончево и топло, а во понеделник на југот од земјава облачност која на места ќе услови слаб дожд .




Во вториот дел од следната недела ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд и врнежи од дожд, со помал пад на температурата, а на високите планини снег.
