Метеоролозите на Републичкиот хидрометеоролошки завод штотуку најавија невреме на југот и на истокот од земјава.

– Во следниот час на југот и на истокот од земјава ќе има врнежи од грмежи – пишува на веб-страницата на УХМР.

Метеоролозите за денеска попладне најавуваат облачно време со повремени врнежи и грмежи, а врнежите се очекува да престанат во текот на вечерните часови.

Можно е невреме и на територијата на Скопје.

Вчерашниот ден малку дожд го зафати и главниот град Скопје каде по улиците течеа порои од вода.

Времето претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 28 до 36 степени. УВ=8.

Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.

До недела во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.