Вредноста на минималната потрошувачка кошничка во Црна Гора во јуни изнесуваше 750,30 евра

Бранот на поскапување на основните прехранбени производи започна со поскапувањето на горивата, а за очекување е овој тренд да продолжи поради настаните во Украина .

Вредноста на минималната потрошувачка кошничка во Црна Гора во јуни изнесувала 750,30 евра, што е за 1,5 отсто повеќе од мај, покажуваат податоците на државната статистичка агенција Монстат .

Во Македонија таа цена е многу пониска.

Нашиот тим имаше можност да дознае какви се цените на основните прехранбени производи во Црна Гора и колку се разликуваат во споредба со нашата земја.

Млеко

Цената на литар млеко е повисока од просечната цена за 1 евро и 35 центи, што според официјалниот просечен курс е околу 80 денари.

Состојбата со цените на јогуртот не е поинаква, па овој млечен производ е за околу 20 отсто поскап.

Во зависност од производителот, цените се движат од 1 евро и 35 центи нагоре.

Леб

Цената на интегралниот леб на еден од маркетите во Црна Гора е 0,95 центи, а белиот леб на парчиња е 1,85 центи.

Месото

Поради постојаното зголемување на цените, месото се поретко е на нашите трпези и се почесто е луксуз.

Просечните цени на различни видови месо во Црна Гора варираат во споредба кај нас – некои се значително пониски, додека има и видови на месо што црногорските потрошувачи ги плаќаат повеќе од нас.

Така, говедското рамо и свинскиот бут се поевтини. Килограм говедско на црногорските пазари чини 470 денари.

Пилешкото месо е поскапо, а килограм пилешко филе чини 480 денари, а просечната цена на батаците со карабатк е 270 денари.

Нафта

Цената на нафтата во Црна Гора е 2 евра 35 центи.