Како пилот, Били бил повикан во војска и испратен во Европа да се бори во Втората светска војна. Оттогаш Пеги не слушнала никаква вест за него.

Пеги Харис од Вернон, Тексас (САД), се омажи за своето момче Били во 1944 година. Тие уживаа во бракот само една недела, а Били потоа беше повикан во војска како пилот и испратен во Европа да се бори во Втората светска војна.

Оттогаш Пеги не слушнала никаква вест за него. Отпрвин мислела дека тој мора да умрел во војната. Меѓутоа, бидејќи не добила никаков извештај или потврда за неговата смрт, почнала да се надева дека тој е сè уште жив.

Ова траело цели 68 години, додека нејзиниот братучед не го испитал воениот регистар, каде што открил дека Били загинал во авионска несреќа во близина на место во Франција.

Кога Пеги отишла во Франција, била трогната од фактот што една улица во местото го добила името по нејзиниот сопруг, кој направил се што можел авионот да не удри во луѓе и да земе повеќе жртви.

Многу е тажно што Пеги дури после толку време ја дозна вистинската вистина и стави точка на приказната за нејзината одамна изгубена љубов.