Во вторник и во поголемиот дел од среда во Македонија ќе биде сончево и стабилно. Во ноќта од среда кон четврток со пад на дневната температура на воздухот се очекува зголемување на облачноста и врнежи од дожд..




Снег е можен и на високите планини. Во четврток (07.04) и во петок попладне е извесно кратко стабилизирање на времето. За време на викендот можна е нова облачност и врнежи во поголем дел од земјава. Температурите на воздухот се во пораст.




Минималните утрински температури на воздухот во следните два дена ќе се движат од -3°C до 7°C. Највисоките дневни температури од 13 до 20 степени. Од четврток утринските температури се движат од 5 до 10 степени, а највисоките дневни од 10 до 25 степени.




Според моментално достапните прогностички материјали, во понеделник (11.04) следува ново стабилизирање на времето кај нас. До крајот на прогнозниот период би можело да се задржи стабилно време.




Во Македонија претпладне се прогнозира слаб мраз. Како што одминува неделата така ќе се намалуваат условите за мраз.




Минималните температури на воздухот ќе се движат од -2°C и 7°C . Максималните дневни температури ќе се движат од 10 до 25 степени, се вели во прогнозата.
